Кружница
Математичарите ја сметаат кружницата за една од најинтересните геометриски фигури. Вашата задача е да го пресметате периметарот (L) и плоштината (P) на дадена кружница со радиус R.
За вредноста на бројот π (pi) користете π = 3.1415.
Влез
Во првиот ред се наоѓа природниот број R (1 <= R <= 25), кој претставува радиус на дадената кружница.
Излез
Излезот се состои од еден ред во кој треба да го отпечатите периметарот (2*R*π) и плоштината (R*R*π) на кружницата.
Кога печатите еден децимален број, бројот на цифри по запирката ќе биде автоматски одреден од страна на вашата програма. Нема потреба експлицитно да наведувате број на децимали - доколку резултатот кој го печатите е точен, нашиот систем ќе ви ги даде сите поени назначени за оваа задача. Доколку сакате експлицитно да го наведете бројот на децимални места, отпечатете ги вредностите со 6 цифри по запирката (6 децимални места).
Ограничувања
Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 2 | излез 12.5660 12.5660 |
влез 3 | излез 18.8490 28.2735 |