Математика

Мендо мечињата од трето одделение имале потешкотии со решавањето на задачите по математика. Наставничката секој ден им давала по два броја X и Y и барала од нив да го најдат збирот, разликата, производот и количникот на тие броеви.

Напишете програма која за дадени два броја, ќе го пресмета и отпечати нивниот збир, разлика, производ и количник.



Влез

Во првиот ред се наоѓаат целите броеви X и Y (1 <= Y <= X <= 100). Во сите тест примери, Y ќе биде делител на X.



Излез

Излезот се состои од еден ред во кој треба да го отпечатите збирот, разликата, производот и количникот на дадените броеви.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
6 2
излез
8 4 12 3


влез
100 50


излез
150 50 5000 2


 Submit your code