Подредување
Напишете програма која ќе прочита три цели броја a, b, и c, истите ќе ги подреди по големина (во растечки редослед), и потоа ќе ја отпечати подредената листа.
Влез
Во првиот ред се наоѓаат броевите a, b и c (0 <= a, b, c <= 500). Броевите се одделени со еден знак за празно место.
Излез
Излезот се состои од еден ред во кој треба да се наоѓаат броевите a, b и c, подредени во растечки редослед.
Ограничувања
Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 2 4 3 | излез 2 3 4 |
влез 6 2 1 | излез 1 2 6 |