Линеарна равенка
Дадена е линеарна равенка:
a*x + b = 0
Потребно е да се провери какво решение има равенката:
aко има само едно решение да се испечати истото
доколку нема решение да се испише – "nema resenie"
доколку има бесконечно многу решенија да се испише – "ima beskonecno resenija"
Влез
Во првиот ред се наоѓаат целите броеви а и b (-20 <= a, b <= 20), кои се параметрите на линеарната равенка. Броевите се одделени со еден знак за празно место.
Излез
Излезот се состои од еден ред во кој треба да го отпечатите одговорот - решението или коментар согласно упатството од задачата. Коментарите треба да ги отпечатите со мали букви (како што е дадено погоре, само без наводници).
Тест случаите ќе бидат направени така да, доколку равенката има едно решение, тоа ќе биде цел број.
Ограничувања
Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 2 6 | излез -3 |
влез 0 3 | излез nema resenie |