Операции
Правиме едноставен калкулатор. За внесени цели броеви a и b и знак за аритметичка операција потребно е да го пресметаме резултатот.
Операциите кои ќе ги правиме се: собирање ('+'), одземање ('-'), множење ('*') или делење ('/').
Влез
Во првиот ред се наоѓаат природните броеви a и b (1 <= a, b <= 20). Во вториот ред е даден знакот на аритметичката операција која треба да се изврши.
Излез
Излезот се состои од еден ред во кој треба да го отпечатите резултатот од извршената аритметичка операција.
Тест примерите ќе бидат направени така што сите операции (вклучувајќи го и делењето) ќе враќаат резултат цел број.
Ограничувања
Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 2 3 + | излез 5 |
влез 3 5 - | излез -2 |
влез 4 2 / | излез 2 |