Месеци
Да се определи бројот на денови во месецот. Месеците се внесуваат според редниот број во годината. Претпоставуваме дека годината не е престапна (февруари има 28 денови).
Влез
Во првиот ред се наоѓа природниот број M (1 <= M <= 12), кој го означува редниот број на месецот во годината.
Излез
Излезот се состои од еден ред во кој треба да го отпечатите бројот на денови на внесениот месец.
Ограничувања
Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 1 | излез 31 |
влез 6 | излез 30 |
Објаснување за првиот тест пример: Јануари има 31 ден.
Објаснување за вториот тест пример: Јуни има 30 денови.