Збир со чекор 3
Да се пресмета збирот на K природни броеви согласно следниот израз:
1+4+7+10+...+N (каде од 1 до N има точно K броеви)
На пример, за K=3 треба да се отпечати 12 (1+4+7=12), додека за K=6 треба да се отпечати 51 (1+4+7+10+13+16=51).
Влез
Во првиот ред се наоѓа природниот број K (1 <= K <= 100).
Излез
Излезот се состои од еден ред во кој треба да ја отпечатите сумата на броевите.
Ограничувања
Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 3 | излез 12 |
влез 6 | излез 51 |