Фибоначиеви броеви
Да се испечатат сите Фибоначиеви броеви помали или еднакви на природниот број N.
Првите неколку Фибоначиеви броеви се: 1, 1, 2, 3, 5, 8, 13, ... Притоа, секој број е збир од претходните два броја (2=1+1, 3=2+1, 5=3+2, итн). Првите два броја се 1.
Влез
Во првиот ред се наоѓа природниот број N (2 <= N <= 1000).
Излез
Излезот се состои од неколку редови во кои треба да ги отпечатите Фибоначиевите броеви помали или еднакви на бројот N (секој во свој ред).
Ограничувања
Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 3 | излез 1 1 2 3 |
влез 6 | излез 1 1 2 3 5 |