Карти

На маса се наредени N карти во ред, со тоа што некои карти се свртени со лицето нагоре, а некои со лицето надоле. Во еден потег дозволено е да се променат состојбите на точно k последователни карти (картите кои биле свртени со лицето нагоре да бидат свртени со лицето надолу и обратно).

Кој е најмалиот број на потребни потези за да сите карти се свртени на иста страна (сите карти да бидат свртени со лицето нагоре или сите карти да бидат свртени со лицето надоле) ?



Влез

Во првиот ред се наоѓаат два природни броја n i k (1 <= k <= n <= 100 000), бројот на карти и бројот на последователни карти кои можеме да ги свртиме во еден потег. Во вториот ред од влезната датотека се наоѓаат n броеви, кои можат да бидат 1 (доколку картата е свртена со лицето нагоре), или 0 (доколку картата е свртена со лицето надолу).



Излез

Излезот се состои од еден ред во кој треба да го отпечатите минималниот број на потези за да сите карти се свртени на иста страна или -1 доколку тоа не е можно.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
6 3
1 0 0 1 0 0
излез
2


влез
2 2
0 1


излез
-1


Објаснување: За да ги свртиме сите карти со лицето нагоре (елементите на низата да ги направиме 1), можеме да ги свртиме елементите од 2-4 (111000) и елементите од 4-6 (111111). Приметете дека секогаш мора да ја промениме состојбата на точно k последователни карти, па затоа излезот во вториот пример е -1.



 Submit your code