Непарен Збир

Добродојдовте во новиот циклус натпревари по информатика организирани од страна на Здружението на Информатичари на Македонија. Како и секоја година, циклусот ќе го започнеме со една многуу едноставна задача (текстот следи подолу)...

За даден опсег [а,b], најдете го збирот на сите непарни позитивни броеви помеѓу а и b. На пример, збирот на непарните цели броеви за опсегот [3,9] е 3+5+7+9=24.



Влез

Од стандарден влез се читаат два цели броеви a и b (1 <= a <= b <= 30000), кои ги означуваат границите на опсегот [a, b].



Излез

На стандарден излез, отпечатете го збирот на сите непарни цели броеви помеѓу а и b.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3 9
излез
24


 Submit your code