Делители

Трпе, како талентиран математичар, ги сака сите чудни својства на броевите. На пример, Трпе смета дека 945 е интересен број, бидејќи е првиот непарен број за кој сумата на неговите делители е поголема од самиот број.

За да му помогнете на Трпе во потрагата по интересни броеви, напишете програма со која ќе го најдете бројот со најмногу делители од даден опсег на цели позитивни броеви. Бидејќи броевите од опсегот може да се многуу големи, внимавајте на ефикасноста на вашиот алгоритам. Премногу едноставни решенија може да не произведат резултат во дадените временски рамки.



Влез

Од стандарден влез се читаат два цели броеви P и K, кои ги изначуваат почетокот и крајот на опсегот (1<=P<=K<=5000, 0<=K-P<=500).



Излез

На стандарден излез отпечатете го бројот со најмногу делители (доколку има повеќе, отпечатете го најмалиот), и бројот на позитивни делители на тој број.

На пример, за првиот тест случај (даден подолу), во опсегот 1-10, 6 има најголем број на делители (1,2,3 и 6), па печатиме 6 (бројот) и 4 (бројот на делители на 6).



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
1 10
излез
6 4


 Submit your code