Фудбалска лига

Во националната фудбалска лига на државата Мендоленд, N (N >= 4) фудбалски клубови се натпреваруваат за титулата - национален шампион на Мендоленд.

Во една фудбалска сезона, секој од клубовите треба да одигра по два натпревара со секој друг клуб: еден на домашен терен и еден на гостински терен. Еден фудбалски клуб на еден натпревар може да победи (да освои 3 поени), загуби (да не освои ниту еден поен) или одигра нерешено (да освои 1 поен).

Ваша задача е да напишете програма која ќе определи колку победи, нерешени резултати и порази треба да има еден фудбалски клуб (во една сезона), за да може да освои точно К поени. Доколку постојат повеќе начини да се освојат K поени, треба да се отпечати оној начин со најмал број на порази.

Сите натпревари од лигата мора да се одиграат - на пример, ако лигата има 4 клубови и го разгледуваме освоениот број на поени од страна на екипата 1, треба да се земе предвид резултатот од сите 6 натпревари кои ги одиграла таа екипа (1 со 2, 1 со 3, 1 со 4, 2 со 1, 3 со 1, 4 со 1).



Влез

Влезот се состои од еден ред во кој се запишани два цели броја: бројот на фудбалски клубови во лигата N (4 <= N <= 100) и бараниот број на освоени поени K (0 <= K <= 600).



Излез

Излезот се состои од еден ред во кој треба да ги отпечатите бројот на победи, нерешени резултати и порази - во тој редослед, одделени меѓусебно со по едно празно место. За податоците во тест случаите секогаш ќе постои решение.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
4 3
излез
0 3 3


влез
20 80


излез
21 17 0


 Submit your code