Комисија

Комисијата за натпревари по информатика, за овогодинешниот циклус натпревари, треба да подготви точно N задачи. Потребната тежина Ti на секоја од задачите е однапред позната (се чита од стандарден влез). Минатата седмица, со цел подобро (и побрзо) да се подготват N-те задачи, комисијата одлучи нејзините членови да се поделат во две групи, на следниот начин:

  1. во првата група ќе се наоѓаат членовите кои веќе учествувале во пишување на задачи, и тие ќе бидат задолжени за пишување на најтешките задачи - задачите со тежина поголема или еднаква на одреден природен број X.
  2. во втората група ќе се наоѓаат членовите кои немаат искуство со пишување на задачи, и тие ќе бидат задолжени за пишување на лесни задачи - задачи со тежина помала од X.

Ваша задача е да напишете програма која ќе отпечати на колку начини може да се избере бројот X (колку различни вредности може да има тој), така што првата група ќе напише точно K задачи (се разбира, втората група ќе ги напише останатите N-K задачи).



Влез

Во првата линија се наоѓаат два цели броја: бројот на задачи N (2 <= N <= 1000) кои треба да ги напише целата комисија, и бројот на задачи K (1 <= K < N) кои, според планот, треба да ги напише првата група.

Во втората линија се дадени N цели броеви Ti (1 <= Ti <= 30000), кои ја означуваат потребната тежина на секоја од N-те задачи. Не постојат две задачи со еднаква тежина.



Излез

Излезот се состои од еден ред во кој треба да отпечатите колку различни вредности може да земе бројот X.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
5 3
1 2 3 4 5
излез
1


влез
6 2
6 8 9 3 2 1


излез
2


влез
8 4
10 2 11 3 4 1 12 13


излез
6


Објаснување за првиот пример: Првата (поискусната) група треба да ги напише задачите со тежина 3, 4 и 5 (најтешките K=3 задачи). X=3 е единствената можна вредност.

Објаснување за вториот пример: Првата група треба да ги напише најтешките 2 задачи: задачите со тежина 8 и 9. Единствените можни вредности за X се 7 и 8 (вкупно 2 вредности).

Објаснување за третиот пример: 5, 6, 7, 8, 9 и 10.



 Submit your code