Цезарова шифра

За време на Галските војни големиот римски император Цезар испраќал наредби до неговите војсководци преку писма. Но, бидејќи често се случувало писмата да бидат пресретнати и прочитани од некој Гал, Цезар одлучил наредбите кои ќе ги испраќа во иднина да бидат шифрирани.

Шифрирањето на наредбите Цезар го осмислил вака: Тој ќе избере одреден цел број X (1 <= X <= 25), и секоја буква поединечно ќе ја замени со X-тата буква која следи по неа во абецедата. Ако некоја буква од наредбата треба да се замени со буква која ја надминува последната буква од абецедата ('z'), тогаш одбројувањето продолжува од 'z' - но во обратен редослед. Така на пример, ако X=2 и сакаме да ја шифрираме буквата 'w', шифрираната буква ќе биде 'y' ['w', 'x', 'y']. Од друга страна пак, ако X=5 и сакаме да ја шифрираме буквата 'w', шифрираната буква ќе биде 'x' ['w', 'x', 'y', 'z', 'y', 'x'].

Помогнете му на императорот полесно да ги шифрира наредбите за неговите војсководци. Направете програма која за дадена вредност на X и некоја наредба составена само од малите латинични букви ("abcdefghijklmnopqrstuvwxyz"), ќе ја отпечати шифрираната наредба.



Влез

Во првиот ред е запишан еден позитивен цел број X (1 <= X <= 25), кој го означува бројот на поместувања.

Во вториот ред е запишана една наредба составена само од малите латинични букви од абецедата ('a'-'z') - без знак за празно место (' ') на ниту една позиција во влезните податоци. Наредбата нема да биде подолга од 200 знаци.



Излез

Излезот се состои од еден ред во кој треба да ја отпечатите шифрираната порака.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
1
abcdef
излез
bcdefg


влез
2
zyx


излез
xyz


 Submit your code