Оценување

Дали знаете како Мендо ги оценува пристигнатите решенија за една задача? Да речеме дека важат следните правила:

1. Има N натпреварувачи.
2. На почеток, од секој натпреварувач има пристигнато по едно решение во редот за оценување. За да немаме забуни ги означуваме натпреварувачите со броеви од 1 до N според редоследот на кој ги испратиле решенијата. Секое пристигнато решение ќе го означуваме со бројот на натпреварувачот кој го испратил истото. Значи, на почеток, редот за оценување изгледа вака: 1, 2, 3, 4, 5, ..., N
3. Мендо ги оценува решенијата едно по едно - во редослед по кој тие се испраќаат.
4. Секој натпреварувач не губи време од кога ќе добие резултат за едно тестирано решение и веднаш испраќа ново. Со други зборови, оценувањето трае многу подолго од поправањето на грешките, па кога ќе се објави резултатот за едно решение, доколку не поминало на сите примери, корисникот веднаш испраќа ново решение кое се додава на крајот од редот за тестирање. (Не е можно, во ниту еден момент, во редот за тестирање да има две или повеќе решенија од еден ист натпреварувач)
5. Мендо одлично ги познава сите натпреварувачи и знае точно колку решенија Ri ќе испрати секој од нив додека не ја реши задачата или додека не заврши натпреварот.

Според дадените правила, можно е следново сценарио:
   Нека N=4 и R1=2 (првиот натпреварувач ќе испрати 2 решенија за време на натпреварот), R2=1, R3=1 и R4=3. Чекор по чекор, редот за тестирање ќе изгледа вака (со задебелени букви е означено решението кое се оценува): {1, 2, 3, 4}, па {2, 3, 4, 1} (1 испратил ново решение), па {3, 4, 1}, па {4, 1}, па {1, 4}, па {4}, па {4}.

Мендо се подготвува за оценување на решенијата од регионалниот натпревар и е заинтересиран да знае колку решенија ќе има во редот за тестирање откако ќе бидат истестирани точно K решенија (тогаш планира да оди на пауза за чај – и мед). Напишете програма која ќе го определува бараното!

На пример, за вредностите дадени погоре и K=2, вашата програма треба да отпечати 3 - бидејќи по тестирање на K=2 решенија (1 и 2), во редот за тестирање има 3 решенија - {3, 4, 1}.



Влез

Во првиот ред се запишани два цели броја: иницијалниот број на натпреварувачи кои ќе испраќаат решенија во редот за тестирање N (1 <= N <= 10000) и бројот на решенија K (1 <= K <= 2000000000) кои Мендо ќе ги тестира пред да оди на пауза за чај.

Во вториот ред се дадени N цели броеви кои го означуваат бројот на решенија Ri (1 <= Ri <= 1000000000) кои ќе ги испрати секој од натпреварувачите за време на натпреварот (дадени според иницијалниот распоред - т.е. според иницијалното означување на натпреварувачите).



Излез

Излезот се состои од еден ред во кој треба да отпечатите колку решенија ќе има во редот за тестирање во моментот кога Мендо ќе оди на пауза за чај.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
4 3
1 4 4 4
излез
3


влез
5 6
2 1 1 4 1


излез
1


влез
4 8
1 2 2 1


излез
0


Објаснување за првиот пример: на почеток, редот за тестирање е {1, 2, 3, 4}. По првото тестирано решение, редот е {2, 3, 4}, па (после второто тестирано решение) редот е {3, 4, 2}, па {4, 2, 3}. На крај (пред Мендо да оди на пауза за чај), во редот за тестирање ќе има 3 решенија (4, 2 и 3). Забележете дека, не е важно дали натпреварувачот 4 (или кој било друг) ќе испрати нови решенија во иднина - не интересира само големина на редот за тестирање во моментот кога Мендо ќе оди на пауза.

Објаснување за вториот пример: на почеток, редот за тестирање е {1, 2, 3, 4, 5}. По првото тестирано решение, редот е {2, 3, 4, 5, 1}, па (после второто тестирано решение) редот е {3, 4, 5, 1}, па {4, 5, 1}, па {5, 1, 4}, па {1, 4} па {4}. На крај (пред Мендо да оди на пауза), во редот за тестирање ќе има точно едно решение.

Објаснување за третиот пример: Ако севкупно има помалку или еднакво на K решенија, отпечатете 0.



 Submit your code