Месечина

Мињоните се малечки, интересни, сложни суштества со невидено гооолема интелигенција. Денес, тие ја украле месечината (не се грижете, ќе ни ја вратат од кога ќе си поиграат со неа) и сега сакаат да избегаат во друг ѕвезден систем. За своето патување мињоните имаат гориво за само 10 светлосни години (толку собира резервоарот). Во секој ѕвезден систем тие можат да надополнат гориво - повторно за најмногу 10 светлосни години. Секој од ѕвездените системи е претставен со свои координати (X и Y, цели броеви), а растојанието помеѓу нив се изразува во светлосни години.

Растојанието помеѓу два ѕвездени системи со координати (X1, Y1) и (X2, Y2) се пресметува според формулата: D = sqrt( (X2-X1)2 + (Y2-Y1)2 ), каде sqrt е функција за пресметување на квадратен корен (т.н. Евклидово растојание). За пресметување на растојанија користете го податочниот тип double (тој има доволно голема прецизност).

Мињоните почнуваат од нашиот ѕвезден систем и треба да стигнат до својот ѕвезден систем (можеби, притоа, посетувајќи и други системи). Мињоните сакаат да знаат кое е минималното растојание кое треба да го поминат, имајќи притоа предвид дека имаат капацитет да поминат најмногу 10 светлосни години одеднаш, без да надополнат гориво.

Напишете програма која за дадени координати на нашиот сончев систем, координати на ѕвездениот систем на мињоните, како и координати на останатите ѕвездени системи, ќе го пресмета минималното растојание кое мињоните треба да го поминат за да стигнат до својот ѕвезден систем.



Влез

Во првиот ред е запишан еден позитивен цел број N (2 <= N <= 500), кој го означува бројот на ѕвездени системи. Во секој од следните N редови се запишани по два цели броја Xi и Yi (0 <= Xi, Yi <= 10000), кои ги означуваат координатите на N-те ѕвездени системи. Сончевиот (нашиот ѕвезден) систем е даден како прв во листата, додека ѕвездениот систем на мињоните е даден како последен. Не постојат два ѕвездени система со ист пар координати (Xi, Yi).



Излез

Излезот се состои од еден ред во кој треба да го отпечатите минималното растојание (како децимален број) од нашиот ѕвезден систем до ѕвездениот систем на мињоните. Секогаш ќе постои решение.

Бројот на децимали (цифри по точката) ќе биде автоматски одреден од страна на вашата програма. Нема потреба експлицитно да наведувате број на децимали - доколку резултатот кој го печатите е точен, нашиот систем ќе ви ги даде сите поени назначени за оваа задача. Доколку сакате експлицитно да го наведете бројот на децимални места, отпечатете ги вредностите со најмалку 6 децимали.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
5
11 10
12 11
9 8
13 11
15 14
излез
5.6568542


влез
4
10 10
15 8
19 10
26 11


излез
16.0710678


Објаснување за вториот пример: 1->3 (растојание 9), па 3->4 (растојание 7.0710678)



 Submit your code