Последен тест

Перо е ученик во една скопска гимназија. Слично како и другите ученици, негов нај(не)омилен предмет е математика. Како што се приближува крајот на учебната година, Перо се прашува колку минимум поени треба да освои на последниот тест по математика, за да добие најмалку оценка K (К е 2, 3, 4 или 5)?!

Наставничката на Перо одлучила да даде 5 тестови оваа година. Максималниот број на поени кои може да се освојат на еден тест е 100.

    - Доколку еден ученик, на тестовите, има освоено просечно 60 поени (или повеќе од 60, но помалку од 70) тој добива оценка 2,
    - доколку ученикот има освоено просечно 70 поени (или повеќе од 70, но помалку од 80) тој добива оценка 3,
    - доколку ученикот има освоено просечно 80 поени (или повеќе од 80, но помалку од 90) тој добива оценка 4,
    - и доколку ученикот има освоено просечно 90 поени (или повеќе од 90) тој добива оценка 5.

Со помалку од 60 поени се добива 1 (единица). Просекот не се заокружува - со просечен број на поени од 89.8 се добива оценка 4.

Вам ви е познат бројот на поени кои Перо ги освоил на првите 4 теста - T1, T2, T3 и T4. Колку минимум поени треба да освои Перо на последниот тест по математика, за да добие најмалку оценка K?



Влез

Во првиот ред е запишан еден цел број K (2 <= K <= 5), кој ја означува минималната оценка која Перо сака да ја добие оваа година (по математика). Во вториот ред се дадени четири цели броја T1, T2, T3 и T4 (0 <= T1, T2, T3, T4 <= 100), кои ги означуваат поените кои ги освоил Перо на првите четири теста.



Излез

Излезот се состои од еден ред во кој треба да го отпечатите минималниот број на поени кои Перо треба да ги освои на последниот тест по математика, за по тој предмет да добие најмалку оценка К. Доколку Перо нема шанси да добие оценка К (или нешто подобро), дури и со освојување на сите 100 поени на последниот тест, отпечатете "GRESHKA" (со големи букви, без наводниците).



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
5
100 100 100 100
излез
50


влез
5
10 20 30 40


излез
GRESHKA


влез
2
100 100 100 100


излез
0


влез
4
83 74 79 73


излез
91


Објаснување за првиот пример: Перо освоил по 100 поени на првите четири теста по математика (браво за Перо). За да добие оценка K=5, Перо треба да освои најмалку 50 поени на последниот тест. Со освоените 50 поени би имал вкупно 450, што значи просечно 450/5=90 поени по тест.



 Submit your code