Рудник

Градот Радовиш е надалеку познат по рудникот "Бучим", кој претставува еден од најголемите рудници за ископ на бакар, злато и сребро во регионот. Бучим е најголем вработувач на население во Радовиш.

Рудникот, кој ќе го анализираме во оваа задача, може да се претстави како правоаголна мрежа од R*C полиња, соодветно наредени во R редови и C колони. За секое поле е позната годината од која тоа поле од рудникот нема веќе да биде во состојба за експлоатација.

Ваша задача е да им помогнете на вработените во рудникот да ги испланираат потребните ресурси за експлоатација на рудникот. Напишете програма која ќе определи, за дадена година X, од колку области за експлоатација ќе биде составен рудникот на крајот од таа година. Област претставува група од неколку поврзани полиња (коцкички). Две полиња се поврзани доколку тие делат заеднички раб - едното поле е сосед на другото од лево, десно, горе или доле (не дијагонално).


На пример, за сликата дадена погоре - на крајот од 2012 ќе има 1 област за експлоатација (целиот рудник), на крајот од 2013 ќе има 2 области за експлоатација (валидно е поврзување само од лево, десно, горе или долу), на крајот од 2015 ќе има 3 области за експлоатација, додека на крајот од 2022 ќе има 4 области за експлоатација. На крајот од 2025 (или, на пример, 2038) ќе има 0 области за експлоатација.



Влез

Во првиот ред е запишан еден цел број K (1 <= K <= 100000), кој означува за колку години треба да се пресмета бројот на области за експлоатација. Во вториот ред се запишани K цели броеви Gi (2012 <= Gi <= 2000000000), кои ги означуваат годините (дадени во стриктно растечки редослед) за кои треба да се пресмета бројот на области за експлоатација.

Во третиот ред се запишани два цели броја R и C (3 <= R, C <= 300), кои го означуваат бројот на редови и колони, соодветно. Во секој од следните R редови се запишани по C цели броеви Oij (2012 <= Oij <= 2000000000), кои ја означуваат годината од која соодветното поле од рудникот нема да биде во состојба за експлоатација.

Забелешка: Во тест случаи кои вредат најмалку 30% од поените, ќе важи (3 <= R, C <= 20) и Oij (2012 <= Oij <= 4000).



Излез

Излезот се состои од точно K редови, во кои треба да го отпечатите бројот на области за експлоатација на крајот од G1, G2, ..., Gk - во тој редослед, соодветно.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
6
2012 2013 2014 2015 2022 2040
4 6
2013 2015 2023 2018 2023 2019
2013 2023 2015 2013 2021 2025
2015 2013 2022 2016 2015 2015
2013 2015 2020 2020 2015 2013
излез
1
2
2
3
4
0


 Submit your code