Продавница

Во една продавница во Македонија, продавачите го враќаат кусурот само со ситни монети (од 1, 2 или 5 денари). Бидејќи една од продавачките често имала потешкотии со пресметување на кусурот, таа решила да побара помош за надминување на овој проблем.

Ваша задача е да напишете програма која, за направен промет P и вредност V што ја дал еден купувач, одредува со колку најмалку монети може да му се исплати кусурот на купувачот. На пример, доколку е направен промет P=14 денари и купувачот дал V=20 денари, продавачката е подобро да му даде на купувачот една монета од 5 денари и една монета од 1 денар (вкупно 2 монети), наместо, на пример, три монети од 2 денари.

Притоа, продавачите секогаш враќаат точно онолку кусур колку што треба да се исплати (не даваат мастика наместо 2 денари, не должат кусур кој што ќе го вратат при следното купување, итн).



Влез

Во првата и единствена линија се запишани два цели броја P и V (1 ≤ P ≤ V ≤ 30000), кои ги означуваат направениот промет и вредноста што ја дал купувачот.



Излез

Да се испечати минималниот број на монети со кои може да се врати кусур.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
14 20
излез
2


влез
38 40


излез
1


влез
100 100


излез
0


 Submit your code