Монети

Последниве неколку дена, децата на Мендо уживаат да си играат со монети. Имено, тие најпрвин земаат четири монети (од по 5 денари) и ги фрлаат на земја така што некои од монетите паѓаат со петката нагоре, додека некои со глава (рис). Потоа, тие се обидуваат да пресметаат колку најмалку монети треба да превртат така што, на крајот, сите ќе бидат свртени на иста страна (со петката нагоре, или со глава).

Помогнете му на Мендо (кој денес е презафатен со оценување на решенија од регионалниот натпревар) да провери дали децата правилно ја играат играта. Пресметајте и отпечатете колку најмалку монети треба да се превртат за сите тие на крајот да бидат свртени со иста страна нагоре.



Влез

Во првата и единствена линија се запишани четири цели броја Mi (5 или 0) кои означуваат на која страна се иницијално свртени монетите (кога, по фрлањето, ќе паднат на земја). На пример, ако влезот е 5 0 5 5, првата, третата и четвртата монета паднале "петка", додека втората монета паднала "глава".



Излез

Да се отпечати колку најмалку монети треба да се превртат, така што сите монети на крајот ќе бидат свртени со иста страна нагоре.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
5 0 5 5
излез
1


влез
0 0 0 0


излез
0


влез
5 0 5 0


излез
2


 Submit your code