Цифри
Кога им досадило да си играат со монети, дечињата на Мендо решиле, наместо со програмирање, да си го трошат времето играјќи ја играта "Броење на цифри". Имено, за дадени два броја S и K, тие најпрвин ги запишуваат (на една од новите SMART паметни и интерактивни табли) сите цели броеви помеѓу S и K, а потоа бројат колку пати се појавува секоја од десетте можни цифри (0, 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и 9). На пример, ако S=767 и K=772, броевите ќе бидат
767 768 769 770 771 772
Притоа, 0 се појавува еднаш, 6 се појавува три пати, 7 се појавува десет пати, итн.
Напишете програма која ќе го решава опишаниот проблем.
Влез
Во првата и единствена линија се запишани два цели броја S и K (1 ≤ S ≤ K ≤ 100 000).
Излез
Да се отпечати колку пати се појавува секоја од цифрите 0, 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 (во тој редослед). Потребно е да се отпечатат точно 10 броја, разделени со по едно празно место.
Ограничувања
Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 1 9 | излез 0 1 1 1 1 1 1 1 1 1 |
влез 767 772 | излез 1 1 1 0 0 0 3 10 1 1 |