Седумка

Членовите на комисијата за натпревари на ЗИМ се исклучително чудни луѓе. Еден од членовите на комисијата, Кирил, е дури толку забеган што навечер, пред заспивање, (наместо да брои овци), смислува два броја N и K и го бара "најмалиот цел број поголем од N кој содржи, како цифри, најмалку K седумки". Вчера, Кирил смислил толку големи броеви N и K што не успеал да си ја реши поставената задача, па одлучил наместо да брои седумки, да оди и да си купи сендвич од 7ца, а на вас да ви даде задача да му го решите проблемот.



Влез

Во првата и единствена линија се запишани два цели броја N (1 ≤ N ≤ 100 000 000 000 000) и K (1 ≤ K ≤ 14).

Забелешка: За некои од параметрите е потребно да користите тип на податок кој поддржува чување на 64-битни цели броеви, како int64 и qword во Pascal, или long long во C/C++.



Излез

Да се отпечати најмалиот број поголем од N кој содржи најмалку K седумки (како цифри). На пример, за N=1773 и K=3 треба да се отпечати 1777.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
1773 3
излез
1777


влез
1773 1


излез
1774


влез
723123123699 2


излез
723123123700


 Submit your code