Роденден

Семејството Мендовски го има за гостин вонземјанинот Тимби. Тие решиле да му приредат забава за неговиот роденден. Но, Тимби има толку многу години што не е можно да му се купат толку свеќички за роденденската торта. Наместо тоа, малиот Ламбе Мендовски предложил да се купат фигури во форма на бројки, од кои ќе се состави бројот на години на Тимби.

Во блиската продавница баш се продаваат такви фигури, но во пакети кои ги содржат сите цифри од 0 до 9 по еднаш.

Ваша задача е да направите програма која ќе пресмета колку пакети е потребно да се купат за да се состави бројот на години на Тимби. Внимавајте, цифрата 6 може да се искористи и како 9-ка и обратно.



Влез

Во првиот и единствен ред е даден целиот број N (1 <= N <= 32000), кој го претставува бројот на години на Тимби.



Излез

На стандарден излез треба да се отпечати бројот на пакети од цифри кои се потребни за да се состави бројот на години на Тимби.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
6663
излез
2


Објаснување: Потребни се два пакета. Од првиот може да се земе првата 6-ка и 3-ката, додека од вториот може да се земе 6-ката за да се претстави втората 6-ка, како и 9-ката за да се претстави третата 6-ка од бројот.



 Submit your code