Нова зграда

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство секоја година запишува огромен број на студенти, па неодамна, Владата на Република Македонија одлучи дека е крајно време овој факултет да добие нова (и поубава) зграда.

Зградата ќе има пет спрата и на секој спрат ќе има по одреден број на кабинети за професорите од факултетот. Сите кабинети ќе бидат поврзани со најсовремена Интернет врска. Покрај кабинетите, на секој спрат ќе има и други простории (амфитеатри, лаборатории, предавални...), па бројот на кабинети на еден спрат не е фиксен - според распоредот на просториите, на првиот спрат може да има 3 кабинети за професорите, на вториот спрат 5 кабинети, итн.

Кибид, чудниот систем инженер на ФИНКИ, го дал следното известување до секој професор:

"Интернет врската до Вашиот кабинет ќе доаѓа од подолниот спрат и ќе биде со намален квалитет за одреден процент - во зависност од вкупниот број на кабинети кои се наоѓаат на сите спратови под спратот на кој е Вашиот кабинет. Ако има помеѓу 1 и 5 такви кабинети, квалитетот се намалува за 20%, ако се од 6 до 20 кабинети за 40%, а ако е над тоа се намалува за 50%".

Не дека професорите не може да си пресметаат, ама им е проблем да ги дознаат информациите на кој спрат колку кабинети ќе има. Тие само знаат на кој спрат е нивниот кабинет. Затоа, вие треба да напишете програма која за дадена информација на кој спрат колку кабинети има (за секој од 5-те спрата) и информација на кој спрат ќе има кабинет одреден професор, ќе одговори со каков квалитет ќе биде неговата Интернет врска.



Влез

Во првата линија се запишани 5 цели броеви Ki (0 <= Ki <= 30), кои означуваат колку кабинети има на првиот, вториот, третиот, четвртиот и петтиот спрат, соодветно.

Во втората линија е запишан еден цел број S (1 <= S <= 5), кој го означува спратот на кој се наоѓа кабинетот на професорот.



Излез

Да се отпечати каков ќе биде квалитетот на Интернет врската кај професорот - изразено во проценти.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3 2 5 4 0
4
излез
60


влез
3 2 5 4 0
1


излез
100


Објаснување за примерите: И во двата примера, на првиот спрат има 3 кабинета, на вториот има 2 кабинета, на третиот има 5 кабинета, на четвртиот спрат има 4 кабинета, додека на петтиот нема кабинети.

Во првиот пример професорот е на 4-тиот спрат. Под тој спрат има вкупно 10=3+2+5 кабинета, што значи дека квалитетот на врската ќе биде намален за 40%, т.е. сигналот ќе биде со квалитет од 60%.

Во вториот пример професорот е на првиот спрат. Нема кабинети под тој спрат. Врската не губи никаков квалитет, значи таа е со квалитет 100%.



 Submit your code