Барок 2

Скопје изобилува со многу интересни туристички атракции. Конкретно, за целите на оваа задача, ќе претпоставиме дека градот е поделен на W*L полиња (квадратчиња) со еднаква големина, распоредени на територија со должина L и ширина W. Во секое квадратче се наоѓа по точно една градба (куќа или зграда).

Во некои од полињата се наоѓаат градби кои се направени во барокен стил. Интересно, на жителите на градот толку многу им се допаѓа овој стил што, кога ќе забележат барокна градба во некое поле кое е соседно со полето во кое живеат, и тие веднаш одлучуваат да ги претворат нивните градби во истиот стил (и тоа го спроведуваат до наредниот месец). За две полиња велиме дека се соседни доколку тие се наоѓаат едно до друго (хоризонтално, вертикално или дијагонално). На следната слика е претставено како се врши претворањето на градбите во барокен стил:

?????X ??XXXX ?XXXXX ???X?? ??XXXX ?XXXXX ?????? ??XXX? ?XXXXX ?????? ?????? ?XXXXX ?????? ?????? ??????

На почеток, само 2 градби се во барокен стил (X). По еден месец, дури 11 градби ќе бидат во барокен стил. По само два месеца, 20 градби ќе бидат во барок. По три месеца, сите градби во градот ќе бидат во барокен стил.

Напишете програма која ќе пресмета колку градби ќе бидат во барокен стил по N поминати месеци.



Влез

Во првата линија се запишани два цели броја L и W (1 <= L, W <= 750 000), кои ја означуваат должината и ширината на градот.

Во втората линија е запишан еден цел број N (0 <= N <= 750 000), кој го означува бројот на поминати месеци.

Во третата линија е запишан еден цел број B (1 <= B <= 100), кој го означува бројот на градби кои се иницијално во барокен стил. Во секоја од следните B линии се запишани по два цели броја Ri и Ci (1 <= Ri <= L, 1 <= Ci <= W), кои ги означуваат полињата кои содржат барокни градби.

Прва забелешка: Во тест случаи кои вредат најмалку 30% од поените, L и W ќе бидат цели броеви помали или еднакви на 1000 (1 <= L, W <= 1000).

Втора забелешка: Резултатот може да биде прилично голем број, па потребно е да користите тип на податок кој поддржува чување на 64-битни цели броеви, како int64 и qword во Pascal, или long long во C/C++.



Излез

Отпечатете го бараниот број на градби.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
5 6
1
2
1 6
2 4
излез
11


Објаснување за првиот пример: Должината и ширината на градот, како и градбите кои иницијално се во барокен стил, соодветствуваат на примерот прикажан во текстот на задачата.



 Submit your code