Досадниот студент

Денис е исклучително досаден студент. Без разлика дали се работи за полагање на испити на ФИНКИ, разговарање со професорите и асистентите на факултетот или изработувањето на лабораториските вежби, Денис секогаш има нешто ново да им соопшти на неговите колеги и наставници.

Денес, Денис е решен да оди на консултации по предметот Математика, и да се обиде да добие неколку дополнителни поени за испитот кој неодамна го полагал. Денис знае точно колку поени (N) сака да добие, и е решен да го убедува професорот точно 1+2+3+...+N минути за да го постигне тоа.

Сепак, поради долгото зборување, кога завршил со убедувањето и тој и професорот заборавиле колку поени всушност сака Денис да добие.

Ваша задача е да им помогнете така што ќе напишете програма која ќе ја одреди вредноста на N, доколку знаете колку точно минути (1+2+3+...+N) зборувал Денис.



Влез

Во првата и единствена линија е запишан еден цел број K (1 <= K <= 100000000), кој означува колку минути зборувал Денис.



Излез

Да се отпечати бараниот број N.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
6
излез
3


влез
36


излез
8


Објаснување за првиот пример: 1+2+3=6

Објаснување за вториот пример: 1+2+3+4+5+6+7+8=36



 Submit your code