Прозорци

Мендо не е многу уреден со десктопот на својот компјутер. Тој има навика на отворање прозорци на екранот, а потоа не затворање на апликацијата која ги создала. Резултатот, се разбира, е преполна работната околина каде некои прозорци само ѕиркаат зад други прозорци, како и некои прозорци кои се сосема скриени. Со оглед на тоа дека Мендо не го исклучува компјутерот и по неколку дена, ова претставува огромен хаос.

Екранот на Мендо има резолуција од 106 x 106 пиксели. Кога се отвора нов прозорец, неговата позиција е дадена преку позицијата на горниот лев агол, и неговата ширина и висина (во пиксели). (0, 0) е локацијата на пикселот во горниот лев агол од мониторот. Значи, долниот-десен пиксел ќе има локација (999999, 999999).

Претпоставете дека Мендо ги отворал прозорците еден по еден, според Вам дадениот редослед и дека во меѓувреме не се навратил на ниедна претходно отворена апликација. Ваша задача е да утврдите, после отворањето на сите прозорци, кој прозорец (ако има таков) се одбира кога Мендо ќе кликне на одредена позиција на екранот.



Влез

Во првиот ред е даден бројот на отворени прозорци N (1 <= N <= 100).

Во секој од следните N редови (во истиот редослед по кој се отворени, почнувајќи од оној кој е отворен прв) се дадени описите на отворените прозорци, со по четири цели броја Ri, Ci (0 <= Ri, Ci <= 999999), Wi и Hi (1 <= Wi, Hi <= 999999), каде (Ri, Ci) ја означува позицијата (Ri го означува редот, Ci ја означува колоната) на левиот агол на i-тиот прозорец, додека Wi и Hi ги означуваат ширината и висината на прозорецот (сите прозорци целосно ќе лежат на мониторот).

Во последниот ред се дадени два цели броја Lr, Lc (0 <= Lr, Lc <= 999999), кои ја означуваат позицијата (Lr го означува редот, Lc ја означува колоната) на која кликнал Мендо.



Излез

На стандарден излез отпечатете "prozorec k", каде k е бројот на прозорецот на кој кликнал Мендо, или "pozadina" доколку со кликнувањето не сме погодиле ниту еден прозорец.


Прозорците се означени од 1 до N, почнувајќи од првиот прозорец кој го отворил Мендо до последниот.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3
1 2 3 3
2 3 2 2
3 4 2 2
3 5
излез
prozorec 3


влез
3
1 2 3 3
2 3 2 2
3 4 2 2
4 2


излез
pozadina


 Submit your code