Распоред

Институтот за информатика при ПМФ од Скопје започнува со летниот семестар и секој студент мора да си одбере свој распоред (група) за одржување на вежбите. Институтот има правило, во кое се вели дека сите групи мораат да содржат најмалку N и најмногу M студенти.

Бидејќи на сите студенти слободно им се дозволува да одберат во која група ќе ја следат наставата, после пријавувањето (изборот) на сите студенти, се случува во некои групи да има помалку, а во некои групи повеќе студенти (во однос на дозволениот број).

Ваша задача е да напишете програма која ќе го пресмета минималниот број на студенти кои треба да се прераспределат од една група во друга, така што сите групи ќе содржат помеѓу N и M студенти. Не е дозволено креирање на нови групи или бришење на постојните.



Влез

Во првиот ред се дадени три цели броја G - бројот на групи, N - минималниот број на студенти кои можат да се наоѓаат во една група, и М - максималниот број на студенти кои можат да се наоѓаат во една група. (1 <= G <= 50, 1 <= N <= M <= 1000000). Во секој од следните G редови е запишан по еден цел број Si (1 <= Si <= 1000000), кој го означува бројот на студенти кои ја одбрале i-тата група (i-тиот распоред).



Излез

На стандарден излез отпечатете го минималниот број на студенти кои треба да се прераспределат од една група во друга, така што секоја група ќе содржи помеѓу N и M студенти. Доколку ова не може да се направи, отпечатете -1.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
2 10 15
10
20
излез
5


влез
2 10 15
10
21


излез
-1


 Submit your code