Пакети

Во фабриката “Европа” престанале да се произведуваат чоколади од типовите „Вистина“ и „Разум“.

Сепак, во фабриката има останати залихи од овие чоколади (по одреден број парчиња од едниот и од другиот тип). Во фабриката решиле, сите тие да се извезат во Естонија, со еден камион.

За да може да влезе во ЕУ, камионот кој ќе ги носи, може да носи повеќе пакети, но секој пакет мора да има иста содржина на чоколади во него (т.е. во секој од нив мора да има ист број на чоколади од тип „Вистина“ и ист број чоколади од тип „Разум“).

Така, за дадени количини на „Вистина“ и „Разум“, најчесто постојат повеќе начини да се спакуваат, според горното барање. Начинот е одреден од бројот на потребни пакети за да се спакуваат сите чоколади. Вие треба да го пресметате бројот на пакети, за сите можни начини.



Влез

Во првиот ред се внесуваат два цели броја A и B одделени со празно место. (1≤А,B≤10 000). Овие броеви го претставуваат бројот на чоколада од тип Вистина и тип Разум, соодветно.

Забелешка: Во 50% од тест случаите ќе важи дека 1≤А, B≤8.



Излез

Во секоја линија се печати бројот на пакетите за секој начин. Бројот на пакетите е подреден во редослед од најмалиот можен број на пакети до најголемиот.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
4 8
излез
1
2
4


влез
3 5


излез
1


Објаснување за првиот тест пример: На располагање имаме 4 чоколади од тип „Вистина“ и 8 чоколади од тип „Разум“. Чоколадите можат да бидат спакувани на 3 различни начини. Чоколадите може да се испратат во

- 1 пакет во кој има 4 чоколади од тип Вистина и 8 од тип Разум,

- во 2 пакети каде во секој пакет има 2 чоколади од тип Вистина и 4 од тип Разум и

- во 4 пакети каде во секој пакет ќе има 1 чоколадо од тип Вистина и 2 од тип Разум.

Објаснување за вториот тест пример: Единствениот начин на кој може да се испорача порачката е да се испрати 1 пакет во кој има 3 чоколади од тип Вистина и 5 чоколади од тип Разум.



 Submit your code