Обединети нации

Од една држава треба да бидат избрани двајца претставници за учество на состанок на Обединетите нации. Се очекува истите да претставуваат мислење на различни групи граѓани.

Проблем било да се изберат такви двајца претставници. За среќа, во таа држава се водела евиденција на сите телефонски разговори меѓу граѓаните, спроведени во последните неколку години. Се смета дека двајца граѓани (В и С) припаѓаат на иста група граѓани, ако постојат непосредни или посредни телефонски контакти помеѓу нив. Непосреден телефонски контакт значи дека имало телефонски разговор помеѓу В и С. Посреден контакт значи дека имало разговор помеѓу В и некој друг граѓанин А1, разговор меѓу А1 и некој друг А2, итн. до разговор меѓу граѓанин Аn-1 и Аn, како и разговор меѓу Аn и С (n е произволен број поголем од 0). Ваша задача е, ако ви е дадена листата од сите I телефонски разговори, да најдете на колку начини може да се изберат двајцата претставници. Да наспоменеме дека секој граѓанин е подобен да учествува, но двајцата мора да се припадници на различни групи граѓани.



Влез

Во првиот ред се внесуваат два цели броја N и I одделени со празно место. Бројот N го означува бројот на граѓани, а I го означува бројот на водени телефонски разговори. Граѓаните се нумерирани со вредности од 0 до N-1. (1≤N≤100 000, 1≤I≤10 000)

Во следните I линии има 2 цели броеви одделени со празно место A[i] и B[i], i=1..I. кои претставуваат дека A[i] и B[i] имале телефонски разговор. (0≤А[i],B[i]≤N-1)



Излез

Еден цел број кој означува на колку начини може да се изберат двајца претставници.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
4 2
0 1
2 3
излез
4


Објаснување за првиот тест пример: Има вкупно 4 граѓани нумерирани со вредности од 0 до 3. Евидентирани се 2 разговори. Во првиот разговор разговарале 0-тиот и 1-виот граѓанин, а во вториот 2-риот и 3-тиот граѓанин. На состанокот може да се изберат 0-тиот и 2-риот граѓанин, 1-виот и 2-риот граѓанин, 0-тиот и 3-тиот граѓанин и 1-виот и 3-тиот граѓанин. Постојат 4 начини на кои можат да се изберат претставниците.



 Submit your code