Споменици

Во Скопје има N споменици означени со броеви од 0 до N-1. Тие се голема туристичка атракција за туристите кои доаѓаат во Скопје. Специјално за туристите, низ Скопје има изградени P еднонасочни туристички патеки кои ги водат туристите директно од еден до друг споменик. (на патот меѓу нив нема друг споменик) Меѓу овие директни патеки може да има и патеки кои тргнуваат од еден и завршуваат до истиот тој споменик. Овие се наменети за туристите кои не сакаат да гледаат споменици.

За да можат туристите полесно да се снаоѓаат низ туристичките патеки туристичките агенции решиле дека ќе направат и мапи кои ќе им ги даваат на туристите. За секој споменик Si треба да се направи мапа Mi (0<= i<= N-1) . На мапата Mi е дадена туристичка рута која почнува и завршува со споменикот Si. На мапата е опишано кои туристички патеки треба да ги следи туристот. Туристот може да се движи само по туристичките патеки во насоката која е дозволена. Со туристичките рути туристите ќе можат да видат барем 1 споменик и да се прошетаат низ Скопје. Уште повеќе тие нема да се изгубат затоа што ќе се вратат онаму каде што тргнале.

Но, не секогаш може да се направат мапи за сите споменици. Ваша задача е да најдете колку најмалку директни еднонасочни туристички патеки треба да се изградат за да може да се креираат мапи за сите споменици.

Забелешка: Се претпоставува дека може да се креираат директни туристички патеки кои водат од споменик Si до Sj за сите вредности на 0<=i<=N-1 и 0<=j<=N-1.



Влез

Во првата линија се наоѓаат два броја одделени со празно место: N (2 <=N<=20) кој го претставува бројот на споменици и P бројот на веќе изградени туристички патеки (0<= P <= 400).

Наредните P линии имаат запис во облик: Si Sj. Со записот е дадено дека има директна еднонасочна туристичка патека која води од споменикот Si до Sj. (0<= i,j<= N-1)



Излез

Во првата и единствена линија се печати минималниот број на еднонасочни туристички патеки кои треба да се изградат за да можат да се креираат мапи за сите споменици.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3 2
0 1
1 0
излез
1


влез
3 0


излез
3


влез
3 2
0 0
1 1


излез
1


Објаснување за првиот тест пример: Има 3 споменика 0, 1 и 2. Има две туристички патеки: од споменик 0 до 1 и од 1 до 0. Со ваквите патеки може да се направи мапа за спомениците 0 и 1, но не може да се направи мапа за споменикот 2. На пример ако се изгради туристичка патеката од 2 до 2 тогаш ќе може да се направи мапа и за споменикот 2. Бројот на патеки кои треба да се изградат е 1.

Објаснување за вториот тест пример: Има 3 споменика 0, 1 и 2. Нема туристички патеки изградено. Ако се изградат патеките од 0 до 1, па од 1 до 2 и од 2 до 0 тогаш ќе може да се креираат рути за секој споменик. Оттука бројот на патеки кои треба да се изградат е 3.

Објаснување за третиот тест пример: Има 3 споменика 0, 1 и 2. Има туристичка патека од 0 до 0 и од 1 до 1. За да се овозможи мапа за споменикот 2, една можност е да се изгради патека од 2 до 2.



 Submit your code