Боење

Еден лист од „тетратка со квадратчиња“ има N редици. Во секој ред има по M квадратчиња. Листот е обоен во 3 различни бои: црвени, жолта и зелена.

Боите со кои се обоени квадратчињата во еден ред се менуваат точно според следниот редослед: црвено, жолто, зелено, црвено, жолто, зелено,....

Во првиот ред, првото квадратче е обоено со црвена боја, во вториот ред првото квадратче е обоено со жолта боја, во третиот ред првото квадратче е обоено со зелена боја, во четвртиот ред првото квадратче е обоено во црвена итн. според истиот редослед.

Ваша задача е да утврдите колку квадратчиња се обоени во црвена, колку во жолта и колку во зелена боја.



Влез

Во еден ред има два броја N и М кои ги означуваат бојот на редици на листот, и бојот на квадратчиња во еден ред. (1<=N,M<=1 000 000)



Излез

Во еден ред одделени со едно празно место се запишани три броја: R Y G (R - бројот на квадратчиња во црвена боја, Y- бројот на квадратчиња во жолта боја и G-бројот на квадратчиња во зелена боја)



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
2 4
излез
3 3 2


Објаснување за првиот пример: Во првиот ред првото квадратче ќе биде обоено во црвена боја, второто во жолта, третото во зелена и четвртото во црвена. Во вториот ред првото квадратче ќе биде обоено во жолта, второто во зелена, третото во црвена и четвртото во жолта. На обоениот лист има 3 црвени, 3 жолти и 2 зелени квадратчиња.



 Submit your code