Олимписки игри

Бојан е голем фан на фудбал и ракомет. За време на Летните Олимписки игри (ЛОИ) тој сака да изгледа што е можно повеќе натпревари од двата спорта и затоа седнал да си направи распоред.

Знаеме дека Олимписките игри траат N денови. За секој од овие денови постојат 4 можности:

0: Нема натпревар во ракомет и нема натпревар во фудбал.
1: Нема натпревар во ракомет, но има натпревар во фудбал.
2: Има натпревар во ракомет, но нема натпревар во фудбал.
3: Има натпревар во ракомет и има натпревар во фудбал.


Секој ден Бојан има избор да не гледа спорт или да изгледа точно еден од понудените натпревари за тој ден. За да не му биде досадно, Бојан си го прави распоредот така што нема да гледа натпревари од ист спорт во два последователни дена. Ако Бојан го направил идеалниот распоред кој му овозможува да изгледа максимален број натпревари, ваша задача е да утврдите колку точно натпревари тој ќе изгледа според тој распоред.



Влез

Во првата линија е даден бројот на денови N (1≤ N ≤100 000).
Во втората линија е дадена низа од N броеви Ai така што:

Ai = 0 ако нема натпревар во ракомет и нема натпревар во фудбал.
Ai = 1 ако нема натпревар во ракомет, но има натпревар во фудбал.
Ai = 2 ако има натпревар во ракомет, но нема натпревар во фудбал.
Ai = 3 ако има натпревар во ракомет и има натпревар во фудбал.


Забелешка:
За 15% од поените ќе важи N<13.
За дополнителни 20% од поените нема ден во кој има и натпревар во ракомет и натпревар во фудбал т.е. Ai ≠ 3, за сите i.



Излез

Максималниот број на натпревари што ќе ги изгледа Бојан за време на Олимписките игри, според опишаните ограничувања.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3
1 3 1
излез
3


влез
3
1 2 2


излез
2


влез
3
2 2 2


излез
2


Објаснување за првиот тест пример: Бојан може првиот ден да гледа натпревар во фудбал, вториот да гледа натпревар во ракомет и третиот повторно натпревар во фудбал.
Објаснување за вториот тест пример: Бојан ќе изгледа 2 натпревари. Една можност е Бојан првиот ден да гледа натпревар во фудбал, а вториот во ракомет. Друга можност е Бојан првиот ден да гледа натпревар во фудбал, а третиот во ракомет.
Објаснување за третиот тест пример: Бојан може првиот и третиот ден да гледа натпревар во ракомет, а вториот ден да не гледа спорт.



 Submit your code