Градинар

Миле решил да стане градинар. Тој на К од полињата во својата правоаголна градина со M*N полиња засадил цвеќе. Пример за изглед на градината е:

C..C
#...
#..C
....

Оваа градина има 4*4 полиња, цвеќе е засадено на К=3 полиња, ‘C’ означува поле засадено со цвеќе, ‘#’ означува бетонска плоча, а сите останати полиња од градината се обележани со ‘.’.

Дефинираме дека растојание помеѓу две полиња од градината е најмалиот број на полиња кои треба да се поминат за да стигне од едното поле до другото притоа минувајќи само преку полиња кои имаат заеднички раб.

За автоматско наводнување Миле решил да инсталира систем. Систем за наводнување со моќност W може да наводени полиња од градината кои се на растојание од локацијата на системот помало или еднакво од W, бидејќи водата до секое поле се донесува со црева со ограничена должина.
Системот не може да биде поставен на поле каде што Миле има посадено цвеќе или се наоѓа бетонска плоча.
Цревата на системот не може да поминат преку полињата со бетонски плочи, но слободно може да поминуваат преку сите други полиња.

Вашата задача е да му помогнете на Миле при поставување на системот за наводнување. На кое поле треба да биде поставен системот, за да се опфатат со автоматското полевање најмногу полиња со цвеќе?



Влез

Во првиот ред се дадени 2 броја М и N - ширината и должината на градината на Миле (1≤ M,N ≤ 1000).
Во вториот ред е даден еден цел број W - моќноста на системот за наводнување (1 ≤ W ≤ 100).
Во следните М редови се дадени по N знаци кои ја опишуваат градината за која важи дека 1 ≤ K ≤ 100.

Забелешка:
За 20% од поените 1 ≤ M, N , K, W ≤ 50, и нема бетонски плочи.
За дополнителни 30% од поените 1 ≤ M, N , K, W ≤ 50, и има бетонски плочи.



Излез

Во еден ред отпечатете ги координатите на полето на кое што Миле треба да го постави системот за наводнување. Доколку постојат повеќе решенија испечатете го тоа што се наоѓа најблизу до горниот раб на градината. Доколку и така постојат повеќе решенија испечатете го она што се наоѓа најблизу до левиот раб на градината.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
4 4
3
C..C
#...
#..C
....
излез
1 3


влез
2 4
2
C...
C...


излез
1 2


Објаснување за првиот тест пример:
C.XC
#...
#..C
....
Доколку системот е поставен на позиција (1, 3), обележана со X на примерот, сите полиња со цвеќе ќе бидат опфатени.



 Submit your code