Тетратка
Дарко е ученик во основно училиште. Бидејќи не внимава доволно на часовите по математика, во тетратката на Дарко фалат неколку знаци од примерите кои ги решавала неговата наставничка (поради брзање тој не успеал добро да ги препише операторите во равенките).
Бидејќи Дарко знае дека вие учествувате во натпреварите по информатика организирани од страна на ЗИМ, тој се обратил до вас да му помогнете така што ќе напишете програма која ќе ги надополни равенките. Сите равенки се од истиот облик А#B=C, и ваша задача е да го пронајдете пропуштениот аритметички оператор (кој треба да дојде на местото на # - помеѓу A и B).
Напишете програма која од стандарден влез (тастатура) ќе прочита три цели броја A, B и C (кои соодветствуваат на проблемот A#B=C), ќе одреди кој од аритметичките оператори (+, -, *, /) треба да се постави на местото на # (помеѓу A и B) за да равенката (A#B=C) биде задоволена, и потоа на стандарден излез ќе ја отпечати равенката A#B=C (нормално, на местото на # треба да стои бараниот оператор).
Влез
Првата и единствена линија од влезот содржи три цели броја одвоени со празно место: А, B и C, 1 <= A, B, C <= 1000 и B <= A.
Тест случаите ќе бидат направени така што секогаш ќе има точно едно решение. Во сите тест случаи B ќе биде делител на A (A/B ќе биде цел број).
Излез
Првата и единствена линија од излезот треба да ја содржи комплетната равенка. Внимавајте да нема празно место или знак за нов ред помеѓу A, операторот, B, = (еднаквото) и C.
Ограничувања
Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 4 2 6 | излез 4+2=6 |
влез 9 3 27 | излез 9*3=27 |
влез 5 5 1 | излез 5/5=1 |
Во првиот тест пример, влезот соодветствува на проблемот 4#2=6. За равенката да биде задоволена на местото на # треба да дојде операторот +.
Информација: Ова е задача со детален повратен одговор за сите тест-случаи. По испраќање на решение, системот ќе ви врати информации за извршувањето на вашата програма на сите тест случаи.