Банани и јаболка

Глигор има B банани и J јаболка. Тој сака да ги подели сите на некои од учесниците на Државниот натпревар, без да остане од овошјата за него, и притоа секој кој ќе добие овошје да добие исто како и останатите. На пример, ако Глигор има 4 банани и 8 јаболка, тој може да ги подели на 3 начина:

1. Еден натпреварувач ги добива сите 4 банани и сите 8 јаболка;
2. Двајца натпреварувачи ќе добијат по 2 банани и по 4 јаболка;
3. Четворица натпреварувачи ќе добијат по 1 банана и по 2 јаболка.

Напишете програма која ќе печати на колку начини Глигор може да ги подели овошјата. Претпоставете дека секогаш има повеќе натпреварувачи и од бројот на банани и од бројот на јаболка.



Влез

Во првиот ред има 2 позитивни цели броеви B и J одвоени со едно празно место (1 ≤ B, J ≤ 1 000 000 000), бројот на банани и бројот на јаболка.



Излез

Во првиот ред отпечатете го бараниот број на начини.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
4 8
излез
3


влез
21 245


излез
2


Објаснување за првиот пример: Сите 3 можни начини се дадени во текстот на задачата.

Објаснување за вториот пример: Глигор може да ги подели овошјата само на два начини:
1. Еден натпреварувач ги добива сите 21 банани и 245 јаболка
2. Седуммина натпреварувачи добиваат по 3 банани и по 35 јаболка



 Submit your code