Желка
Желката Микеланџело се наоѓа на почетокот (најдолната точка) на кос пат со должина H метри. Таа сака да го измине патот и да се искачи на врвот. За еден ден желката може да измине U метри од патот, меѓутоа за време на ноќта таа одмара, лизгајќи се D метра надолу (наназад).
Напишете програма која од стандарден влез (тастатура) ќе прочита три цели броеви H, U и D (границите се дадени долу), и на стандарден излез (екран) ќе го испечати бројот на денови кои и се потребни на желката за да го измине патот.
Влез
Првата и единствена линија од влезот содржи три позитивни цели броеви одвоени со празно место: H, U и D, 1 <= D < U <= H <= 100000.
Од границите дадени погоре е јасно дека секогаш ќе постои позитивен цел број кој е решение на задачата.
Излез
Првата линија од излезот треба да го содржи бројот на денови кои и се потребни на желката за да го измине патот.
Ограничувања
Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 24 15 7 | излез 3 |
влез 10 8 1 | излез 2 |
влез 10 10 9 | излез 1 |
Внимание: Користете податочен тип кој има доволно голем опсег за да ги претстави влезните податоци (како longint во Паскал и int во C/C++).