Точка
Дадени се координатите px, py на долното лево теме на правоаголник со страни паралелни со координатните оски. Должините на страните на правоаголникот се a и b, каде a е должината на страната паралелна со x-оската (апцисата), додека b e должината на страната паралелна со y-оската (ординатата).
Напишете програма која од стандарден влез ќе ги прочита координатите на долното лево теме на правоаголникот px, py, должините на неговите страни a и b и координатите tx и ty на произволна точка од рамнината, и на стандарден излез (екран) ќе отпечати:
"strana" - доколку точката (tx, ty) лежи на некоја од страните на правоаголникот, или на едно од неговите темиња
"vnatre" - доколку точката (tx, ty) е внатре во правоаголникот
"nadvor" - доколку точката (tx, ty) е надвор од правоаголникот
Влез
Во првиот ред се запишани 4 цели броеви px, py (0 ≤ px, py ≤ 1000), a и b (1 ≤ a, b ≤ 1000), по тој редослед.
Во вториот ред се запишани координатите на точката T - tx, ty (0 ≤ tx, ty ≤ 1000).
Излез
На стандарден излез отпечатете "strana", "vnatre" или "nadvor" (без наводниците), соодветно.
Ограничувања
Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 1 2 3 2 4 1 | излез nadvor |
влез 0 0 3 3 2 2 | излез vnatre |
влез 1 1 1 1 1 1 | излез strana |
Првиот тест пример соодветствува на примерот од сликата.