Фатална одбивност

Во една имагинарна земја жителите имаат чудна моќ. Кога двајца ќе се најдат еден до друг, лице во лице се случува моментално „телепортирање“ и тие си ги заменуваат местата, т.е. после ова тие се еден до друг, но сега се свртени грб со грб.


Така тие можат да се движат (во лево и во десно) без воопшто да мрднат со нозете. Но, ова „движење“ завршува во моментот кога ќе нема никои двајца кои се гледаат лице во лице.

Да претпоставиме дека на улица еден по друг се наредени неколкумина жители. Тие кои гледаат на десно ги означуваме со 1, а тие на лево со 2.


Ваша задача е да пресметате колку „телепортирања“ ќе се случат, ако го знаеме почетниот распоред на жителите на улицата.



Влез

Во првиот ред е запишан број N (0<N<50), бројот на жители на улицата.
Во следниот ред се запишани N броеви, 1 (како ознака дека i-тиот жител гледа на десно) или 2 (како ознака дека i-тиот жител гледа на лево).



Излез

Во првиот ред запишете го одговорот, т.е. бројот на сите телепортирања.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3
1 2 2
излез
2


влез
4
1 2 2 1


излез
2


влез
4
2 2 1 1


излез
0


Објаснување за вториот тест пример: За дадениот распоред на жителите ќе се случат 2 „телепортирања“. Имено, со првото телепортирање првите два житела (гледано според редоследот на стоење) ќе си ги заменат местата по што поставеноста на жителите на улицата ќе биде: 2 1 2 1. Со второто телепортирање вториот и третиот жител (гледано според новиот редослед на стоење) ќе си ги сменат местата по што веќе ќе нема да има двајца кои се гледаат лице во лице.



 Submit your code