Замена на соседи

Дадена ни е низа со N меѓусебно различни елементи во произволен редослед.
Дозволено ни е да правиме замена на местата само на два соседни елементи. Пресметајте колку најмалку вакви замени треба да се направат за да се подреди низата од најмал до најголем елемент (т.е. во растечки редослед).



Влез

На влез во првиот ред е даден еден број N (1 ≤ N ≤ 100 000), број на елементи во низата.
Во вториот ред се дадени N меѓусебно различни цели броеви Аi (1 ≤ Аi ≤ N).
Забелешка: Во тест случаи кои носат најмалку 30% од поените, бројот N ќе биде помал или еднаков на 1000.



Излез

Во првиот и единствен ред запишете го резултатот.



Ограничувања

Временско ограничување: 500 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
5
4 2 1 5 3
излез
5


 Submit your code