Мало лото

Во играта Мало лото се извлекуваат 5 различни броеви со вредности помеѓу 1 и 9. Потоа, броевите се подредуваат од најмал до најголем и добитната комбинација се објавува.

Ако ви е дадена добитната комбинација, ваша задача е да го најдете најголемиот троцифрен број кој може да се формира од 5-те дадени броеви и да го отпечатите него и бројот кој е 2 пати поголем од него.



Влез

Во првиот и единствен ред се запишани пет позитивни цели броеви Аi (1 ≤ Ai ≤ 9), при што А1 < A2 < A3 < A4 < A5 (односно, се дадени од најмал до најголем). Тие ја претставуваат добитната комбинација за мало лото.



Излез

Во првиот ред отпечатете ги најголемиот троцифрен број кој може да се формира од 5-те дадени броеви и бројот кој е 2 пати поголем од него.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
1 5 7 8 9
излез
987 1974
влез
1 2 3 5 8
излез
853 1706


Објаснување за првиот пример: Од дадените броеви може да формираме различни троцифрени броеви како 987, 751, 157, 178 (но, не и 115 на пример, бидејќи бројот 1 во добитната комбинација го има само еднаш). Од сите овие броеви најголем е 987, а тој број помножен со 2 е 1974.



 Submit your code