Семејни врски
Горан има 25 години. Татко му има 52 години, а неговата баба има 77(=25+52) години. Ваква интересна ситуација се случува и во други фамилии, само за различни членови во семејството.
Нека ги знаеме годините (двоцифрен број) на најмладиот член од една ваква 3-ка членови на некоја фамилија. Вашата програма треба да ги открие годините на најстариот член.
Влез
Од стандарден влез се чита еден цел број N (11 ≤ N ≤ 69), кој ги претставува годините на најмладиот член на фамилијата. Притоа, за двоцифрениот број N важи дека цифрата на десетките е помала или еднаква на цифрата на единиците.
Излез
На стандарден излез, отпечатете ги годините на најстариот член.
Ограничувања
Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 25 | излез 77 |
влез 46 | излез 110 |