!Здраво! И добродојдовте во ВикиВики!
ВикиВики е хавајски термин и значи "брзо". Оригиналната идеа на ВикиВики е да се креираат брзи околини за дистрибуција на информации.
Секој може да придонесува, дури и без најава. Да, можете да бришете информации внесени од други луѓе, па дури и да бришете цели страници, а сепак, вики-то да функционира.
Кога едитирате, вие едноставно креирате (и треба да креирате) линкови со едноставно ставање на зборовите во квадратни загради, [како тука]. Доколку внесената страница не постои, новиот линк ќе го прикажува името подвлечено, со прашалник на крајот. Како тука: ОвааСтраницаНеПостои. (Ве молиме, не го уништувајте овој пример со креирање на страницата...)
Вики имињата кои содржат празни места или долни линии се спојуваат заедно, така што [Ова е линк] станува [ОваЕЛинк].
Вики-то е едноставно и треба да биде едноставно. Ова е причината поради која не се дозволени сложени HTML тагови. Можете да креирате едноставни ефекти, како здебелен текст и накривен текст, но ништо сложено. Изгледот е проблем на Вики-ата. Повеќе информации можете да пронајдете во ПравилаЗаФорматирање.