Кога едитирате страници имајте ги во превид следниве правила:

Општо#

  • Бидете добри - културни, и не напаѓајте.
  • Пишувајте на начин кој е едноставен за разбирање и избегнувајте локален сленг или фрази. Многу корисници кои го посетуваат викито не се од истата средина како вас.
  • Не бришете придонес од други корисници (освен доколку навистина знаете што правите)
  • Не користете премногу кратенки (или креирајте страница во која ги објаснувате)
  • Избегнувајте ги фразите од типот "кликни тука"!! Не пишувајте: "Повеќе информации можат да се најдат тука" туку "Повеќе информации за етикети можат да се најдат на ВикиЕтикети". Избегнувајте ги овие фрази дури и за надворешни линкови.
  • Придонесувајте само оригинални идеи. Линкови се дозволени, но не правете copy-paste од други извори.
  • Поправување на печатни грешки е сосема во ред - всушност, тоа е многу добра навика, бидејќи ја прави страницата по читлива.

Коментари#

  • Добродојдени сте да испраќате информации и како анонимен корисник, но подобро е доколку вашите коментари го содржат вашето име (или назив). Често, корисниците го додаваат својот потпис со '--', како: -- Бојан Костадинов (Кога веќе зборуваме за ова, добродојдени сте да креирате страница во која зборувате за вас.)
  • Добра опција е и доколку го кажете своето име на почеток, како тука: Бојан Костадинов : Јас би сакал да зборувам за...
  • Размислете пред да коментирате. ВикиВики не е наменето како место за разговор. Не е ниту сервер за презентирање на вести. Она што ќе го кажете ќе остане тука засекогаш (доколку го избришете вашиот коментар, тој ќе остане во претходните верзии на страницата) за сите да го читаат и коментираат.

Креирање ВикиИмиња#

  • Добро ВикиИме е кратко и описиво. Доколку името е логично и едноставно многу луѓе ќе поставуваат линкови до него.
  • Иако можете да земете цела реченица и да ја залепите со цел да креирате ВикиИме, подобар стил е доколку го ограничите името на најмногу 5 зборови.
  • Наместо тоа, пробајте да користите ВикиИмиња како имиња кои би ги користеле за именување на теми во една книга.
  • Ова вики дозволува креирање на страници со еден збор како име, но пронајде да користите најмалку два збора - не би сакале да го искористиме целиот простор на имиња :-).
  • Двапати проверете ги ВикиИмињата за печатни грешки - инаку некој може да креира страница со погрешно име! Овие страници се потешки за поврзување, бидејќи е потребен поголем напор во споредба со добро именувани страници.

Сумирање страници#

Сумирање претставува процес на менување и/или скратување на една страница со цел таа да се направи почитлива. Секој може да учествува во овој процес, но ние предлагаме тоа да бидат чести (и искусни) посетители.

  • Бидете објективни - и мислењата за и мислењата против треба да бидат претставени коректно.
  • Бидете претпазливи со потпишаните мислења - не им го менувајте значењето.
  • Заблагодарувајте се онаму каде што е заслужено.
  • Користете 3то лице или множина наместо 1во лице еднина во вашите текстови.

(Благодарност до Сенсеи библиотеката за овој текст.)

Add new attachment

Only authorized users are allowed to upload new attachments.
« This page (revision-1) was last changed on 20-Aug-2015 17:35 by UnknownAuthor